Потресна исповед за мајката на Карлеуша: Дивна ми го смени животот, а не беше ни свесна за тоа

ИЗВОРСкопје24
|

Дивна Карлеуша, мајката на српската пејачка Јелена Карлеуша не напушти по тешко и долго боледување, а многумина се уште зборуваат за нејзината добрина и хуманост.

Зорка од Србија раскажува дека кога станала мајка немале пари со сопругот, а се обидувале да започнат бизнис додека едвај крпеле крај со крај, а знаеле дека решение е реклама на радиото каде работела Дивна иако било скапо.

Таа вели дека платиле само една реклама кај радиото на Дивна, а бизнисот им процветал, па не можеле да кренат глава од работа за што ќе и бидат вечно благодарни.

За две недели собрале пари за пристоен автомобил.

Таа вели Дивна и го сменила животот иако не била свесна за тоа.

Пејачката Јелена Карлеуша се уште не може да поверува дека нејзината мајка Дивна повеќе не е жива.

Пејачката една недела по испраќањето на нејзината мајка во вечноста, ги земала во својот дом на Дедиње омилените работи од својата мајка и не се одвојувала од нив, пренесуваат српските медиуми.

Таа сака да ги зачува спомените од радио водителката која не напушти на 3-ти март месецов по тешката битка со болеста.

Станува збор за уникатни предмети, накит и гардероба која ги чува во посебна просторија.

-Јелена е скршена, но полека си доаѓа на себе. Дури сега станува свесна за недостатокот на својата мајка. Претходните денови преживеа вистински шок и трагедија и целото време беше на таблети, а сега се враќа во нормала. Јелена од Дивна често добиваше златен накит, часовници и украси, а постои и еден накит кој пејачката долго го носи со себе и емотивно е врзана за него, вели извор близок до пејачката.