Свадбите на познатите личности се доста интересни за јавноста, бидејќи за нивна реализација тие трошат децетици илјади евра.
Драгана Џајиќ и Милош Ивановиќ за свадбата во еден белградски ресторан сигурно потрошија многу пари, а медиумите во регионот пишуваа дека само од гостите за подарок добиле околу 100 илјади евра во кеш, а добиле и други исклучително скапи подароци. За музиката беа задолжени Ана Кокиќ и Саша Матиќ.
Годинешната српска евровизиска претставничка Невена Божовиќ и пилотот Никола Ивановиќ за свадбата според некои тврдења потрошиле 70 илјади евра, а пееја Петар Грашо, Јелена Томашевиќ и Фрајле.
Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ како се шпекулираше, потрошија најмногу, 500 илјади евра, додека од 900 гости добија многу повеќе отколку што потрошија за веселбата.
Богољуб кариќ организираше колективна венчавка каде во брак стапија неговите четири деца. Венчавката беше одржана во Храмот Св. Сава со повеќе од 800 гости.