Потврдено: Луѓето што имаат сестра се посреќни

ИЗВОРновлист
|

Ако сметате дека сте среќничка бидејќи имате сестра, потполно сте во право!

Вашата сестра ве прави попозитивни, а сега тоа е потврдено.

Во истражување на британските факултети учествувале 571 млади, на возраст од 15 до 25 години, а испитаниците биле прашувани за нивното семејство, браќа и сестри и нивната емоционална состојба. Резултатите до кои дошле покажале дека луѓето кои имаат постара сестра биле поотворени и не им било проблем да разговараат за сопствените чувства.

Исто така, се покажале како пооптимистични и посреќни.

Еден од водачите на студијата, професорот Тони Кејсиди ги објаснил резултатите до кои дошле: „Сестрите се покажаа како личности кои поттикнуваат отворена комуникација и кохезивност во семејството. Но, браќата на пример, имаат сосема спротивен ефект.“

Децата кои имаат еден брат во семејството се помалку среќни од оние кои имаат сестра. Момчињата избегнуваат да разговараат за проблемите во семејството, па така ако тоа е составено само од машки членови преовладува тишина.