Потврдија од МВР: Уапсени се двајцата насилници што го претепаа девојчето

|

Двајцата насилниците кои претепаа девојка во Штип и се снимаа, попладнево се уапсени, потврдија од МВР за „Фокус“. Најавија соопштение за случајот.

На социјалните мрежи денеска се појави видео на кое две момчиња брутално претепуваат девојка и се снимаат. Девојката ги моли да престанат, а тие ја обвинуваат дека излажала дека е бремена.