Повеќе не е буцка: Славната пејачка Адел се преполови по разводот, сега е како друга жена (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Славната пејачка Адел неодамна се разведе од сопругот Сајмон Конецки и едвај да личи на себе по разделбата.

Имено наместо пејачката да пропадне и биде во депресија таа буквално се преполовила и го живее новиот живот по разводот.

Доказ за тоа е последната нејзина фотографија на која вистинска „мачка“ за која зборува целиот свет.

Фотографијата настанала за време на турнејата на познатата група „Спајс Грлс“ на стадионот Вембли во Лондон, без Викторија Бекам.

Пејачката со групата која ја обожува позираше во црна маица и цветни пантолони со што ја покажа својата совршена линија на телото.

Таа пред неколку месеци соопшти дека се разделила од сопругот Симон Конецки, но извори блиски до двојката велат дека таа го напуштила уште лани летото.

Двајцата не потпишале предбрачен договор пред да се венчаат во 2016 година.

Тоа значи дека во разводот Конецки би можел да земе половина од нејзиното богатство стекнато додека беа заедно, а „тежи“ 150 милиони фунти.

Адел е една од најпродаваните музички ѕвезди во светот, но исто така и една од најтаинствените кога станува збор за споделување на детали од нејзиниот приватен живот со јавноста.

Минатиот месец направи големо изненадување кога заедно со нејзината пријателка, актерката Џенифер Лоренс, се појавија во неколку геј ноќни клубови каде пееја и се забавуваа заедно со другите гости. Наводно, тоа била забава за прославување на разводот.

Извор близок до пејачката за Mirror изјави дека Адел пред неколку месеци почнала да им кажува на блиските роднини и пријатели дека се разделила со Симон.

Причината за разделбата наводно е фактот дека двајцата се премногу зафатени и поминуваат многу време раздвоени.