Повеќе сакаме на хартија, отколку електронски- ниско ниво на дигитални вештини во Македонија

|

Извршната директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП) Неда Малеска-Сачмароска истакна дека во 21 век образованието и граѓаните не може да функционираат на ист начин како во минатото, а дека тоа го покажала и кови-дкризата и затворањето дома кога.

Таа оцени дека „не успеавме брзо да се приспособиме во процесот на дигитализацијата“. Затоа ЦУП се посветил на дигитализација на најфреквентните услуги за граѓаните, меѓу кои се и тие во образованието.

-Во процесот на дигитализација на дел од услугите се соочивме со многу проблеми – како во делот на законската регулатива, бидејќи се уште сме научени да работиме со хартија, технологијата, интернет-конекцијата, инфраструктурата во самите училишта. Но она што најмногу не погоди во истражување во ковид-кризата со фокус на образованието се дигиталните вештини на нашата нација. Тие се далеку под просекот на ЕУ и на Велика Британија, рече Малеска-Сачмароска.

Според податоците на Еуростат, посочи Малеска, нивото на дигиталните вештини кај сите лица во земјава е околу 32 %, а просекот во Велика Британија е 74 отсто.

Истражувањето покажало и дека младите кај нас имаат значително подобри дигитални вештини од повозрасната популација: 74 отсто од децата меѓу 16 и 19 години се дигитално писмени, користат дигитална технологија и купуваат онлајн и тој број, рече Малеска-Сачмароска, е значително зголемен во последните две години како резултат на пан*емијата.