Повеќето интелигентни луѓе ги имаат овие лоши навики

|

Последните студии покажуваат дека одредени навики, како што се правењето хаос, пц*ењето и будењето доцна се карактеристики на интелигентните луѓе. Овде веројатно ќе се пронајдат голем дел на луѓе кои ги имаат овие “лоши” карактеристики и поради тоа можеби биле осудувани, но сега конечно можат да здивнст.

Иако се тврди дека спиењето до доцна, пцуењето и нередот ги карактеризираат мрзливите луѓе, психолозите тврдат дека овие навики се показатели за остар ум и висока интелигенција. Еве што значи секоја од нив:

Будење доцна

Кога останувате будни до доцна и морате да станете рано за работа, тоа значи дека веројатно сте секогаш уморни и затоа другите ве доживуваат како мрзелив човек, без разлика колку работите во текот на работната недела или смена.

Всушност, вашиот деноноќен ритам функционира поинаку отколку кај другите луѓе. Она што е интересно е дека научниците пронашле врска помеѓу деноноќниот ритам на луѓето и нивните нивоа на интелигенција.

Една студија објавена во списанието Psychology Today покажа дека луѓето кои остануваат будни до доцна навечер и се будат подоцна наутро имаат поголем коефициент на интелигенција.

Неуредност

Постои верување дека да се биде неуреден значи да се биде неорганизиран и затоа помалку продуктивен. Сепак, психолог од Универзитетот во Минесота открил дека луѓето кои имаат неуредни соби се поинтелигентни и имаат повисок коефициент на интелигенција.

И навистина, тврди тој, кога вашиот ум се занимава со големи работи, грижата за нередот е последното нешто што ви паѓа на ум. Уште повеќе, објаснува тој, неуредната соба значи дека сте многу креативна личност.

П*уење

Пц*ењето како навика отсекогаш било на лош глас. Луѓето кои ги пцујат другите често се доживуваат како вулгарни и груби. Меѓутоа, студијата спроведена на колеџот Марис во Њујорк го покажува токму спротивното – луѓето кои често кажуваат пцо*ки се поинтелигентни, имаат поширок речник и подобри реторички вештини.

Покрај тоа, тие се поискрени бидејќи пц*ењето е поврзано со искрени емоции. Тоа значи дека оние кои пц*јат веројатно ќе го покажат своето вистинско лице и ќе ги изразат своите вистински чувства.