Пoвик за замена на старите грејни тела со инвертер клими

|

Објавен е повик за пријавување за финансиска поддршка за социо-економски ранливите домаќинства на територија на Градот Скопје, вклучително и Општина Аеродром, да ги заменат старите грејни тела со нови клима-инвертери и енергетско-ефикасни уреди.

На повикот можат да аплицираат оние домаќинства кои:

– Како извор на загревање користат печки на огревно дрво, јаглен, нафта или отпад; како и стари уреди како термоакумулациони печки, панели, калорифери и други уреди кои го оптоваруваат енергетскиот систем.

– Се приматели на социјална помош од страна на МТСП (Гарантирана минимална помош; посебен додаток; социјална сигурност за стари лица; детски додаток и додаток за образование.

– Прифаќаат да го заменат стариот уред за загревање со нов клима-инвертер уред.

– Ги исполнуваат сите други услови од повикот и се согласуваат со нив.