Повкусно нешто не сте пробале: Качамак на манастирски начин

ИЗВОРНов Лист
|

Потребни состојки:

1 кг. пченкарно брашно 1 лажица сол 100 гр. путер 100 мл. масло 2½ л. вода Начин на подготовка:

Во длабок сад се става водата да зоврие. Откако ќе зоврие, се додава солта и потоа внимателно се става во неа брашното. Со тенко сукало се прават повеќе дупчиња во брашното и се остава да се вари на тивок оган околу еден час и триесет минути, без мешање. Откако ќе се свари, се меша со сукалото со кружни движења, потоа се додава претходно загреаниот путер и маслото, па одново се промешува, сè додека убаво не се иситни. На крај, по желба, може и да се потпече во рерна.

*Истово може да се подготви и посно, доколку се стави масло или маргарин наместо путер.

Прилог: Со ова јадење обично оди во прилог сирење, кисело млеко или јогурт и варено јајце, освен во посни денови.