Пошованата даска е омиленото мезе или закусна кога одиме во некоа од кафеаните, но сега истите можете да ги направите и дома. Топлото време и ладното пиво одлично одат со превкусен похован карфиол. Лесно за подготовка а сепак повкусно од се друго што досега сте поховале. Ова е рецептот:
СОСТОЈКИ: 1 главица карфиол, 2 јајца, масло, сол и брашно/
ПОДГОТОВКА: Се става вода во тенџере со сол да зоврие, се раздвојуваат цветовите карфиол и се варат 10 минути. Се цеди карфиолот, се става во малку брашно со сол па во изматени јајца со сол се пржи на загреано масло.
Поховани печурки со тартар врз нив – Деликатес за ручек или мезе
Состојки: 600 гр. шампињони, 2 јајца, 150 гр. тартар, 100 гр. брашно, 100 гр. презла, масло, сол и бибер.
Подготовка: Се чистат шампињоните, во сад се ставаат јајцата добро матени, во друг сад презла, во трет брашно. Се ставаат прво во јајца, па во па во брашно и презла и се пржат додека не поруменат на врело масло. Служете ги со тартар.