Направете вкусен похован карфиол.
СОСТОЈКИ: 1 главица карфиол, 2 јајца, масло, сол и брашно
ПОДГОТОВКА:
Се става вода во тенџере со сол да зоврие, се раздвојуваат цветовите карфиол и се варат 10 минути.
Се цеди карфиолот, се става во малку брашно со сол па во изматени јајца со сол се пржи на загреано масло.
Кога ќе претече со овој трик ќе го спасите загореното млеко
Сигурно на речиси секоја домаќинка и се случило барем еднаш во животот да го загори млекото кое не само што мириса, туку силниот мирис се шири и низ домот.
Но, ако во загоре млекото, има начин како да се спаси. Ставете му малку сода и ќе се отстрани мирисот на изгорено.
Пробајте делува.
Ако го пресоливте јадењето вака ќе го спасите – Ставете го ова и ќе биде превкусна
Веројатно не еднаш ви се случило при готвењето по грешка да ставите повеќе сол во супата или манџата, па сте размислуваме дали воошто да ја јадете. Отсега нема да мора да очајувате бидејќи има еден одличен трик кој ќе го спаси вашиот ручек.
Ако при готвењето ја пресоливте супата, има трик да се спаси.Се што треба да направите е само да ставете парче излупен компир во неа. Тој ќе ја впие солта, па по неколку минути извадете го.
Добар апетит!