Повнимателно анализирајте ја својата околина и не дозволувајте некој да поттикнува ривалски односи – Дневен Хороскоп

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Премногу сте окупирани со различните деловни или социјални обврски и ви се чини дека некој друг добива поголеми привилегии. Доколку ви смета нечие однесување потрудете се да воспоставите принцип на рамноправност. Емоциите ви се нагласени.

Бик (21.04 – 21.05)

Се наоѓате во малку незавидна позиција и некој како да ви наметнува деловни правила. Нема причина да трпите неуспех поради нечие однесување, но немојте ниту да ги преувеличувате своите способности.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Можно е се да се наоѓа во вашите раце, но под услов да реагирате во најдобар момент или во склад со заедничките правила за успешното работење. Доколку ве мачат некои љубовни дилеми, размислете за тоа што ја поттикнува вашата несигурност.

Рак (22.06 – 22.07)

Во прилика сте да ги тестирате своите интелектуални или практични способности. Направете се што е во ваша моќ да оставите добар впечаток. Вашите планови можат да се остварат на релативно лесен начин. Јасно е дека не можете да го добиете сето она што емотивно го посакувате.

Лав (23.07 – 22.08)

Повнимателно анализирајте ја својата околина и не дозволувајте некој да поттикнува ривалски односи. Деловниот ризик во овој момент претставува погрешен избор. Претерувате во своите очекувања пред саканото лице.

Девица (23.08 – 22.09)

Ви недостасува смисла за дипломатија кога треба да се соочите со лицата кои без пардон ги оспоруваат вашите способности. Важно е да премолчите одредени ситуации. Доколку некој упорно ве критикува, тоа можеби претставува добра тема за размислување и преиспитување, но не и повод за нова емотивна расправа.

Вага (23.09 – 22.10)

Обидете се да им удоволите на своите соработници и да ги завршите планираните обврски. Имате преголема потреба се да изгледа перфектно. Очекувате средба со едно лице кое за момент знае да ве повлече во светот на романтиката и нежноста.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Избегнувајте ги непознатите ситуации или соработниците кои со своето однесување ја реметат вашата концентрација. Повеќето работни обврски можете да ги завршите на рутински начин. Партнерот ќе ви упати неколку замерки, не започнувајте кавга.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Средбата со одредени соработници лесно може да прерасне во некоја непријатна ситуација. Важно е правилно да ги заштитите своите деловни интереси. Поставете една граница до која сте подготвени да одите. Оние кои немаат партнер, овој ден ќе им донесе интересно познанство.

Јарец (22.12 – 20.01)

Планирате да и се посветите на некоја работа од претходно. Би било добро да го остварите тоа, бидејќи може да излезе некоја нова идеја. Премногу енергија трошите на неважни работи, а не ги забележувате сериозните проблеми. Партнерот покажува незадоволство.

Водолија (21.01 – 19.02)

Некој ве потсетува на лошите случувања од минатото или на некои неподмирени сметки кои многу сакате да ги заборавите. Се се сведува на принципот земање и давање. На љубовен план препуштете им се на своите чувства, следете го внатрешниот ритам и постапете онака како што мислите дека е најдобро.

Риби (20.02 – 20.03)

Тргнувате од некои погрешни информации или од лажна слика која ја имате за едно лице, така што деловниот успех е малку загрозен. Морате да имате повеќе храброст и самодоверба. Подобро е своите мисли да ги насочите кон саканото лице.