ОВЕН
Одличен момент за нешто што со денови го одолговлекувате и конечно ќе го завршите. Првиот дел од денот е поволен за вас, па бидете активни и ангажирани. Незадоволство на емотивен план, без глед дали сте во врска или имате сакана личност покрај себе.
БИК
Ќе се обидувате да се вклопите во деловните и приватните обврски. Сепак тоа нема да биде лесно како што замислувате бидејќи ќе ви недостасува време за да можете да се опуштите и фунционирате. Најважно е моментално да имате разбирање за саканата личност. Другите работи ќе дојдат сами по себе.
БЛИЗНАЦИ
Некој ќе ви излезе во пресрет или ќе ви направи услуга која и не е баш мала. Сепак, не сте задоволни затоа што сте свесни дека ова лице ќе ве смета за должник, што во ваков момент не ви одговара. Комуникацијата со некој близок едноставно не функционира, без разлика колку и двајцата се трудите.
РАК
Многу обврски и работа, но се гледа и вашата голема посветеност на работата и обврските. Вие не сте во некое чудесно расположение, но што се мора – се може. Многу далечен и ладен однос со емотивниот партнер. Потребно е отворено да разговарате за проблемите во врската.
ЛАВ
Овој ден ви овозможува многу работи да завршите во ваша корист. Имате посветеност и одговорност и подготвеност да ги приспособите дури и најсложените задачи. Според емотивниот партнер, премногу барате. Оладете малку…
ДЕВИЦА
Се надевате на некои финансиски приливи, но веста која доаѓа до вас не е особено ветувачка. Генерално, деловниот сегмент денес не носи голема возбуда. Стандардни обврски, стандарден ден. Размислувате за една личност, но сеуште се двоумите да тргнете кон неа и да се отворите кон неа.
ВАГА
Денот е одличен за секаков вид комуникација – аранжманите и контактите со другите, ви поаѓаат од рака. Вие сте во добро расположение и ја ширите позитивната енергија околу вас. Личноста која ве привлекува е повеќе активна кон вас, но вие сеуште се двоумите да се отворите кон неа.
СКОРПИЈА
Одлични деловни понуди и шанси може да се отворат денес пред вас. Немојте да го одложувате размислувањето, некој очекува ваш одговор што е можно поскоро. Емотивниот сегмент не функционира, веројатно вие и некој близок не може да се вклопите за состанок. Сепак, денот е добар за авантура.
СТРЕЛЕЦ
Денес може да добиете интересни предлози за кои вреди да размислите. Можно е да постојат некои препреки за се да биде реализирано, но ќе успеете да ги совладате. Не се откажувајте уште на почетокот. Личност од вашето непосредно окружување покажува голема иницијатива да ве освои.
ЈАРЕЦ
Премногу се оптеретувате себе си со размислувања за препреките кои се поставуваат во некој ваш план. Наместо тоа, својата креативност употребете ја во обидите да пронајдете решение. Можете да се советувате и со некои за кои сметате дека се авторитет. На саканата личност и е потребно вашето присуство.
ВОДОЛИЈА
Имате важен одговор со деловниот партнер или соработник и повремено ќе бидете несигурни како да се поставите за да добиете најмногу за себе. Потребно е повеќе да се прилагодите кон другите. Саканата личност е нерасположена и потребно и ваше присуство и разборање.
РИБИ
Ќе мора сериозно да се подготвите за контакти или обврски кои ќе ги имате во текот на целиот ден. Во овој ден ќе имате премногу барања и ќе ве изнемоштат. Контакт со саканата личност постои, но и двајцата не сте многу расположени.