Овен (21.03 – 20.04)
Имате чувство дека не сте доволни амбициозни и дека можете многу повеќе од тоа што во моментот го давате од себе. Одличен однос со партнерот. Уживајте во тоа.
Бик (21.04 – 21.05)
Морате да бидете во подобра комуникација со огнените знаци, особено со Стрелецот. Се плашите да ги покажете емоциите, а тоа го загрижува партнерот. Разговарајте отворено.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Се што сакате е повеќе мир на работа. Поразговарајте со колегите за тоа и ќе се променат работите. И слободните и зафатени Близнаци се задоволни со својот емотивен статус.
Рак (22.06 – 22.07)
Добар ден за трговија, туризам и угостителство. Ќе остварите добра финансиска добивка. Се чувствувате осамено и непосакувано. Не се грижете, ве очекуваат поволни љубовни аспекти.
Лав (23.07 – 22.08)
Одличен ден за напредок на сите нивоа и во сите дејности. Финансиите значително ќе ви се подобрат. Партнерот ви е поддршка во се, само треба да го слушате што ви зборува.
Девица (23.08 – 22.09)
Многу поволен ден за вас. Искористете го паметно и ќе направите голем успех. Вие сте многу грижлива особа. На партнерт му значи вашата поддрша повеќе од тоа што мислите.
Вага (23.09 – 22.10)
Имате доста планови. Поради тоа не можете да се фокусирате само на една работа. Заљубени сте. Покажете му го тоа отворено на партнерот, сигурно ќе ужива во тоа.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Креативноста ви помага да решите бројни деловни проблеми и дилеми. Можно е да доживеете „момент на страсти. Не дозволувајте тоа да влијае на вашата моментална состојба.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Кај секој соработник барате нешто по што тој би бил посебен и вреден за вашето внимание. Преиспитајте се себе си и својот однос со партнерот. Обидете се да извлечете некој заклучок.
Јарец (22.12 – 20.01)
Конечно колегите и надредените ги увиделе вашите квалитети и вашето значение за фирмата. Денес ќе делувате незаинтересирано, а тоа ги одбива претставниците на спротивниот пол.
Водолија (21.01 – 19.02)
Можно е да имате повеќе работа од тоа што сте очекувале. Одморајте денес. Беспотребно му приговарате на партнерот. Тоа може да ве доведе до презаситување.
Риби (20.02 – 20.03)
Односите со другите одат во добра насока. Следете ги инстинктите. Имате повеќе разбирања од тоа што е потребно. Партнерот би можел да го искористи тоа.