Повредено момче пронајдено во тоалет во „Св. Јован Крстител“

|

Во СВР Скопје вчера во 16.45 часот било пријавено дека во еден од тоалетите во црквата „Св. Јован Крстител“ во населба Бутел бил пронајден И.Д.(22) со повреди.

И.Д. е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.