|
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Џ.(41) од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.
При редовна контрола на вработените на ЕВН Македонија – КЕЦ Тетово, било утврдено дека пријавениот пред електричното броило поврзал кабел и користел електрична енергија без да се мери во електричното броило.
На тој начин тој предизвикал материјална штета од околу 14.000 денари.