Повторно благословени: Димитар Андоновски и сопругата станаа родители по втор пат – синот доби прекрасно име

|

Македонскиот пејач Димитар Андоновски и сопругата Христина денеска станаа родители по втор пат и го добија вториот син.

Пејачот прекрасната вест ја објави на социјалните мрежи, каде објави дека на синот му го дале прекрасното име Гаврил, а честитки добиваат од сите страни.

– Ти благодарам предобар Господи што денес јас и Христина по вторпат сме благословени, и од денес ќе му се радуваме на нашиот втор син. Добродојде сине Гаврил да ми си здрав жив и благословен да се радуваме заедно цел живот, напиша пејачот споделувајќи ја радосната вест со неговите пријатели.

Нивниот прв син Михаил наскоро ќе наполни пет години.