Без вода денеска од 9:45 часот се корисниците од бул. „Јане Сандански“ зграда 37, 39, 41 и 43.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-150 мм на бул. „Јане Сандански“ бр.43.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.
Поради уличен дефект без вода изутринава од 8 часот се и корисниците на ул. 8/17 Батинци.
ЈП „Водовод и канализација” Скопје најави дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.
ЈП „Водовод и канализација“ известува дека денеска, поради реконструкција на водоводна мрежа на ул. Стојна Стевкова 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Стојна Стевкова и дел од ул. Цветан Димов (Чаирчанка).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со работните активности.