Повторен голем број на санкции за неносење маска и казнети возачи

ИЗВОРНов Лист
|

Во текот на изминатото деноноќие (21/22.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 572 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, 14 санкции за некористење на сигурносен појас, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 12 за користење на мобилен телефон и 7 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло).

Изречени се 45 мерки за непрописно паркирање и 51 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. За неносење на заштитна маска изречени се 12 санкции.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.