Повторно голема промена: Детална временска за цела недела

ИЗВОРСкопје24
|

Времето денеска во целата земја e сончево и малку потопло со мала локална облачност. Дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Дневните температури се движат во интеревалот од 14 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време со темература до 24 степени.

Утре времето ќе биде малку до умерено облачно, во средината на денот и попладне со локален дожд претежно во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Ова е временска за цела недела.

Метеоролозите објавија какво лето ќе имаме оваа година

Оваа 2019 година ќе биде година на метеоролошкиот феномен Ел Нињо кој условува повисоки температури на воздухот, но и почести временски непогоди, информира метеорологот Славчо Попоски.

Во најголем дел од Европскиот Континент вклучувајќи го и Балканот ова лето топлите бранови од северните предели на Африка се очекува да бидат позачестени и со поголем интензитет што значи очекуваме натпросечно топло време, секако ова ќе услови и загревање на атмосферата па така ќе се создаваат услови и за почести временски непогоди како што се: Поројни дождови, силни грмежи, силен ветер и град како и локални поројни поплави.

Во текот на ова лето очекуваме барем два до три изразени топлотни бранови во кој температурите би се искачуваат дури и над 40 степени што за кај нас е и сосема нормална појава.