Повторно на врвот: Дејвид Гета прогласен за најдобар диџеј на светот

ИЗВОРНов Лист
|

За најдобар диџеј на светот беше прогласен Дејвид Гета, еден од најголемите музичари и продуценти во историјата на електронската музика.

Читателите на „ДиЏеј Маг“, кои ја формираа највлијателната листа на актери на електронската мусичка сцена го вратија Дејвид Гета на првата позиција по 2011 година, кога последен пат ја освои.

Популарниот француски диџеј изјави: Ова е навистина неверојатно, мислам дека се чувствувам посреќно од првиот пат! Кој ги освојува радио листите во последните месеци со хитот „Let’s Love“, уште една одлична соработка со австралиската пејачка Сиа, но исто така истражува и нови насоки со неговиот “future rave” звук.

Топ листата на магазинот „ДиЏеј Маг“ донесува 100 најзначајни и највлијателни диџеи и продуценти на електронската музика, а зад водечката позиција на Гета во првите три места се најдоа Димитри Вегас и Лајк Мајк и Мартин Гарикс.

Инаку, Димитри Вегас и Лајк Мајк беа на првото место во 2019 година, додека Мартин Гарикс го држеше тоа место од 2016-2018 година.