Повторно паднаа Инстаграм и Фејсбук, корисниците се жалеа на Твитер

ИЗВОРnovlist.mk
|

Социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук повторно крахираа ширум светот.

Голем број корисници на овие мрежи се пожалија дека има проблем со логирањето и пристапот на овие мрежи. Хаштагот #instagramdovn го преокупираше Твитер, посебно во Велика Британија.

Повеќето корисници на Инстаграм се жалеле дека има проблем со вчитувањето и освежувањето на апликацијата,а не можеле ниту да се логираат. Сличен проблем имале и корисниците на Фејсбук кои исто така не можеле да се логираат на својот налог, ниту да ги освежат содржините.

Највеќе проблеми со Инстаграм имаат корисниците на оваа социјална мрежа во Западна Европа, додека истовремено ширум светот, посебно во Америка , луѓето се жалат на Фејсбук.

Се уште не е познато што би можело да биде причината за падот на овие социјални мрежи на глобално ниво.