Повторно поскапуваат меѓуградските билети, студентите и вработените кои патуваат изложени на поголеми трошоци

|

Растот на цената на горивата што настана откако Владата одлучи да не ги продолжи антикризните мерки, се одрази и врз меѓуградските автобуски билети од некои превозници на релацијата Тетово – Скопје, Гостивар – Тетово како и на Гостивар – Скопје. Вчера беше објавена информација и за поскапување на превозот на линијата Куманово – Скопје.

Патниците кои патуваат од Тетово кон Скопје со автобускиот превозник Еуро турист – Гостивар сега наместо 160 денари, плаќаат за билетот 190 денари. Релацијата Гостивар – Скопје претходно чинеше 250 денари, а од денес чини 300 денари.

Засега Еуро Турист е единствениот превозник што ги поскапе билетите, од Автобуската станица во Тетово велат дека сите превозници различно постапуваат во однос на цените на билетите.

„Како што се случи и претходно, приватните превозници сами одлучуваат кога и за колку да ги поскапат билетите за меѓуградските линии“, велат за Мета.мк од Автобуската станица Тетово.

Целиот текст прочитајте го на meta.mk