Февруарските пензии ќе бидат предвреме подготвени за готовинска исплата во четири групи почнувајќи од 24 февруари 2022 година до 1 март 2022 година, а средствата за пензиите преку банкомати и трговска мрежа да бидат достапни од 24 февруари 2022 година.
Како што соопшти владината прес-служба, готовинската исплата на пензиите ќе се спроведе во четири групи (во четири денови) во сите отворени филијали и експозитури на банките.
„За пензии со висина до 11 000 денари, исплатата да се изврши на 24 февруари (четврток), за пензии со висина 11 001-14 000 денари на 25 февруари (петок), за пензии со висина 14 001-18 000 денари на 28 февруари (понеделник) и за пензии со висина над 18 001 денари, исплатата да се изврши на 1 март (вторник)“, се вели во соопштението од Владата.