Марија Шерифовиќ моментално е во Америка, каде се одмара и ги полни батериите за нови деловни потфати. Пејачката редовно снима влогови додека ги минува деновите во Лос Анџелес, а овој пат откри дека Драган Стојковиќ Босанац бара од неа да му донесе лекови од Америка.
– Освен што денеска цел ден ќе одам дома и ќе јадам, дојде време да заврши овој ден верувале или не, морам да одам на мисија бидејќи сите луѓе од Европа ме замолија да направам нешто што не е проблем, за мене. Треба да одам да им купам американски слатки – весело рече Марија и се упати кон својата кола.
Шерифовиќ објасни дека моменталната ситуација во Америка е мирна и дека се функционира нормално. Сите трговски центри работат но важно е сите да носат маски. Влегла во продавницата и почнала да купува слатки што ги нарачале нејзините пријатели. Сепак, таа ги изненади сите кога отиде во делот каде што се лековите и суплементите.
-Поздрав до нашиот драг Босанац, на кој му носам витамини од овде. Лекови има – се пошегува Марија. Кога ги нашла сите три лекови кои Босанац и ги нарачал, рекла дека има уште нешто што композиторот секогаш и го кажувал.
– Босанецот тврди дека машките жилети во Србија не се исти како во Америка, па му ги земам последните две парчиња. Сега си среден, ти најдов се – гордо рече пејачката.