Центарот за управување со кризи известува дека преку РЦУК Охрид, е добиена информација дека вчерашниот пожар, на отворен простор, во реонот на с.Белица, во Општина Македонски Брод, во месноста „Аргулица“ под Солунска Глава е се уште активен.
Екипата пожарникари на ТППЕ Македонски Брод и на ЈП „Национални Шуми“ подружница „Сандански“ интервенираат во пристапниот дел од теренот. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, трева и грмушки, но поради ширењето на истиот постои можност да зафати и борова шума и е проширен во непристапен и карпест терен каде што екипите не можат да стигнат.
Поради тоа, градоначалникот на Општина Македонски Брод, преку ЦУК, побара дополнителна помош, поддршка од противпожарни воздухоплови за интервенција од воздух врз проширениот пожар. Во почетокот на денот е ангажиран еден авион на ДЗС, што дејствува сам до 13:00 часот, како поддршка на противпожарните тимовите коишто гаснат од земја. Потоа, согласно развојот на настаните и метеоролошките услови, е планирано да бидат ангажирани и хеликоптери на МВР „бел“ што имаат можност да носат противпожарно ведро и да гаснат пожари на отворено.
Пожарот кај с.Белица, во Општина Македонски Брод, во месноста „Аргулица“, под врвот Солунска Глава на планината Јакупица е еден од 39-те вчерашни пожари којшто гори се уште на висок и на повеќе места непристапен терен. Инаку, врвот Солунска Глава на планината Јакупица е со височина од 2.540 метри и е дел од високите врвови од најголемиот македонски планински масив Мокра Планина