|
Гори сува трева покрај автопатот Тетово – Гостивар, информираат од ЦУК. На местото на настанот интервенираат тројца пожарникари со едно ПП возило.
„Од Е-112 добиена е информација за пожар покрај автопатот Тетово – Гостивар. За истото од РЦУК Тетово известија дека ТППЕ Тетово се запознаени и дека се работи за опожарена сува трева и дека од 16:55 часот интервенираат со 3 пожарникари и 1 ПП возило“, информираат од ЦУК.