Пожар повторно избувна во липковско Ваксинце

|

Повторно избувнал пожар во липковското село Ваксинце, информираше денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

-Повторно реактивиран пожарот кој се гасеше во раните утрински часови во село Ваксинце, Општина Липково, кај Месноста Врело, каде што се стационирани укопаните резервоари за течно гориво на АД Макпетрол, соопшти Ангелов.

Тој кажа дека на ова место било интервенирано и пред десет дена и екипите на кумановската противпожарна единица не дозволиле да се прошири.

-И во раните утрински часови повторно таму каде што беше пресечен претходно со гаснење повторно беше запален, брзо и професионално од страна на ТППЕ Куманиво дејствувано и изгасено до 12:00 часот. За чудо во 18.30 часот по трет пат запалено и во овој момент правецот на пожарот се движи кон Складот за течно гориво Врело на Макпетрол.. Екипите на ТППЕ Куманово се повторно на терен во село Ваксинце и храбро се борат за да спречат загрозување на објекти, живот и здравје на граѓаните на село Ваксинце, вели Ангелов.