Пожар во архивата на кумановскиот суд

|

Повеќе од 12 часа пожарникарите интервенираат на пожарот во кумановскиот суд. Изгорена е архивата во подрумот од зградата каде и избувнал пожарот. Пожарникарите го локализираа пожарот, се интервенираат од двете страни на објектот, но густиот чад се уште прави проблеми.

Многу хартија, гума, изолација има во просториите. Се уште се непознати причините, но според надлежните веројатно неисправна електрична инсталација го предизвикала огнот.

Од судот тврдат дека актуелните предмети и документи не се зафатени во пожарот.

Откажани се сите итни и редовни рочишта, од судот велат ќе се бара алтернативно решение штом ќе бидат во можност да влезат во зградата.

Обвинителството, Експерти за криминалистика и полицијата ќе ги истражуваат причините за пожарот.

Во увид на опожарениот суд беше и претседателотна Судски совет кој се надева на брзо санирање на штетите и откривање на причините.