Пожар во центарот на Скопје – гори продавница за гуми (ВИДЕО)

ИЗВОРМакфакс
|

Пожар се случи во 12 часот и 20 минути на улицата Јордан Мијалков во центарот на Скопје. На самото место е присутна и брзата помош. Очевидци за „Макфакс“ раскажуваат дека пожарот е кај продавници за гуми и останата опрема. Присутни се екипи на противпожарната служба што се обидуваат да го изгаснат пожарот. Облаци чад ги вознемирија минувачите.

https://www.youtube.com/watch?v=OTeFjWkqjHQ