|
Пожар избувна во кругот на поранешниот хемиски гигант ОХИС. Од ЦУК велат до нив на единствениот телефонски број 112 било пријавено дека се запалил оџак на еден од објектите и дрвна маса, по што ги известиле противпожарните служби.
„Гаснењето на пожарот во ОХИС е во завршна фаза. Нема информации за горење на какви било опасни материи. Веднаш откако ќе биде изгаснат ќе имаме повеќе информации околу пожарот“, велат од ЦУК.
Не е првпат да избувне пожар во кругот на ОХИС, каде и натаму има извесни количини на депонирани хемиски соединенија, кои можат да претствуваат опасност за пошироко подрачје во Скопје.
Во тек е и натаму транспортот кон Франција на најопасната хемикалија линдан, а досега се однесени над 80 тони.
видео – Слободен Печат