Пожар во Тетово беснее – интервенира и хеликоптер на МВР

|

Голем пожар изби утрово во кругот на поранешната фабрика „Македонија табак“ на излезот од Тетово.

На терен е и хеликоптерска поддршка.

Претходно, министерката за одбрана Славјанка Петровска за ТВ21 истакна дека и нивниот хеликоптер е во приправност, но засега само на МВР интервенира.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на прес конференција посочи дека постои разногласие за тоа дали треба да се интервенира од воздух, пренесува ТВ 21.

Општина Тетово во соработка со Секторот за образование одлучи денеска и утре да го прекине образовниот процес поради настанатата состојба по пожарот што денеска избувна во магацин во градот.

Надлежните органи оценија дека квалитетот на воздухот во Тетово е доста влошен и за да го зачуваме здравјето на учениците ја донесовме оваа одлука. Ова го потенцираат од Општина Тетово во писменото соопштение испратено по електронски пат до медиумите.

Надлежните оттаму упатија и важен апел до граѓаните да останат во своите домови,

„Апелираме и до граѓаните да не излегуваат непотребно од своите домови додека не се подобри состојбата со квалитетот на воздухот.Граѓаните и студентите кои ќе излегуваат надвор за лични потреби, треба задолжително да носат заштитни маски“, стои во соопштението на Општината.