Пожарот во Тетово се шири на околните објекти, пристигнуваат возила на Брза помош

|

Пожарот кој првично ja зафати поранешната фабрика „Македонија табак“ на излезот од Тетово кон Скопје сега се проширува и на соседните објекти.

На терен пристигнаа приватни компании кои помагаат во ставањето под контрола на пламените јазици, но и во транспортот на робата која била складирана во соседните објекти.

Според информации на 4NEWS.mk се активирала и војската.

На терен успеавме да го забележиме и градоначалникот Биљал Касами кој во моментов не даде изјава за медиумите.

На терен пристигнаа и неколку возила на Брза помош, но во моментов нема официјални информации за нас традани лица.