Во здраво тело, здрав дух! Добро позната изрека која веруваме дека е примарно мото на ТВ водителката Ирена Спировска.
Спортувањето е половина здравје, а позитивната енергија што ја носи, се рефлектира најпрвин на себе, а потоа и на опкружувањето. Со тоа пак, внатрешна убавина е гарантирана, а истата, највидлива е однадвор.
Овој рецепт за здрав и исполнет живот, без исклучок е принципот на Ирена, која е пример за жена што знае како да ги задоволи потребите за животен баланс. Нејзиното слободно време секогаш е организирано со агенда за планинарење и адреналин во природа.
Овој пат заедно со својот партнер имаа нова цел, а откако се искачија, по пракса се фотографираа на врвот.
Кога сме кај резултатите од ваквиот стил и начин на живот, најдобар доказ е изгледот на Ирена која иако е длабоко во петтата деценија, изгледа перфектно.
Во случајот, кусата маичка која го открива нејзиниот стомак е во фокусот на перцепцијата, бидејќи дефинираните стомачни се гледаат од далеку.
Таа е позната и успешна дама со повеќе од дведецениска медиумска кариера, а за сите останати, па и помладите, може да биде пример дека годините немаат врска со активноста, убавината и ведриот дух полн со желба за нови и возбудливи животни врвови.
Извор: Вистина.мк