Позитив на денот: Доцна синоќа пожарникари од Скопје спасуваа бездомно маче паднато кај Камениот мост (ФОТО)

|

Во Скопје се уште царува хуманоста и добродушноста, а овие сцени го потврдуваат тоа.

Имено, вчера во доцните вечерни часови дежурниот тим пожарникари по дојава од граѓани спасуваа бездомно маче кое за жал паднало и се заглавило кај столбовите од Камениот мост. Мисијата беше успешна и мачето беше спасено, а доказ за тоа е објавената фотографија на социјалните мрежи.

“Доцна вечерва спасувачка мисија на бездомно маче паднато кај столбовите на Камени Мост!!!

Секоја чест за дежурниот тим на 5та Бригада на Пожарна Скопје и херојот Садат Кадриу кој се спушти со скали и го спаси мачето ,секоја чест момци !!!”, стои во објавата на Фејсбук.

(Н.Ј.)