Позитив на денот: Доколку има некој потреба од брашно Амет Фејзула ќе му даде бесплатно

ИЗВОРСкопје24
|

Дека хуманоста, човечноста и добрината на луѓето се гледа во тешка ситуација доказ е Амет Фејзула кој преку апел од Шило Магазин известува дека ќе им подари брашно на сите оние семејства кои за жал во оваа тешка состојба немаат доволно средства за самите да купат

„Драги мои со оглед на ситуцаијата што ја зафати нашата држава, знам дека има семејства кои немаат доволно финанскиски средства, па сакам да им подарам на сите по 25кг брашно, имам доволно бидеќи сум сопственик на своја мелница. Сите зинтересирани нека пишат на мојот профил, со почит Амет“ – стои во апелот.

Мобилни тимови ќе вршат достава на лекови и здрави намирници за старите лица

Општина Бутел и компанијата „Виталиа“ се ставаат на располагање. За користење на услугата од општина Бутел може да се повика на телефонски број: 075/249-314 од 8:30 до 16:30 часот, вклучително и викенди, а на „Виталиа“ на бројот 02/3217-177, при што доставата ќе биде на товар на компанијата на целата територија на државата, а плаќањето ќе може да се изврши со картичка или во готово.

Актуелната ситуација направи сериозни пореметувања во секојдневието, а со цел да се спречи ширењето, потребна е сериозна посветеност од сите чинители во општеството, вклучително и од општините и од компаниите.

По примерот на општините Центар и Карпош, и општина Бутел формираше мобилен тим кој ќе врши достава на лекови и намирници за возрасните и високоризичните категории на граѓани со хронични болести за жители на територија на Општина Бутел.

– Секој граѓанин од наведените категории, кој има потреба од набавка на потребните лекарства, прехранбени производи и средства за хигиена, со цел да не се изложи на дополнителна опасност ќе може да телефонира на следниот телефонски број : 075/249-314 од 8:30 до 16:30 часот, вклучително и викенди. Нашиот мобилен тим, ќе ги почитува сите мерки на претпазливост, и ќе допре до секој дом каде што е неопходна поддршка за обезбедување на основните намирници. Ова е време во кое треба да бидеме одговорни и да останеме дома – предупредија од општината.

Викендов службите на општина Бутел во однос на справување против ширењето на коронавирусот изврши темелна дезинфекција на повеќе локации низ целата територија.

– Општинските служби темелно ги дезинфицираа просториите во општинската зграда, потоа дезинфицирани беа сите автобуски постројки. Со одобрение на Здравствениот Дом на Скопје дезинфицирана беше и амбулантата, и воедно сите објекти кои се лоцирани на локалниот пазар во Бутел, а благодарение на Скопски Пазар, како општествено одговорна компанија. Во рамките на оваа акција во справување против ширењето на коронавирусот, општина Бутел во наредните денови ќе ги дезинфицира сите градинки и основни училишта кои се на територија на општината – информираат од општината.

И компанијата за здрава храна „Виталиа“ бесплатно ќе доставува здрава храна за лица над 60 години.

– Критичните периоди во општеството бараат од секого од нас да вложи дополнителен напор и енергија за да им помогне на тие што најмногу им е потребно, во случајот со коронавирусот тоа се постарите лица, особено тие над 60 години, треба да внимаваат на своето здравје и да направат сѐ што е во нивна моќ за да го зајакнат имунитетот. Несомнено, и целата заедница, вклучително и помладите генерации, треба да покажат повеќе грижа за своите повозрасни сограѓани, без разлика дали се во прашање најблиските од семејството или соседите – истакнуваат од „Виталиа“.

Со цел да им го олесни пристапот до здрава храна, компанијата во периодот што следува бесплатно ќе ја доставува до сите што имаат 60 и повеќе години. Нарачките ќе може да се реализираат преку онлајн-продавницата https://www.vitalia.com.mk/mk/products-filter-page или телефонски, на бројот 02/ 3217-177. Доставата ќе биде на товар на компанијата, а плаќањето ќе може да се изврши со картичка или во готово. Целата територија на земјата е опфатена со бесплатната достава.