Поранешниот македонски премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија непосредно пред да замине на одлежување на двегодишната казна за случајот „Тенк“, има активен социјален живот во Бидумпешта.
Покрај останатото, Груевски вчера присуствуваше на приватна бизнис забава во главниот унгарски град на 7 јуни во организација на Италијанската стопанска комора во Унгарија – ИТЛ груп, на која, како што објавија медиумите, 8 години по ред се собираат разни личности од јавниот и општествениот живот на Унгарија.
На една од фотографиите објавени на официјалниот фејсбук-профил креиран за овој настан, поранешниот македонски премиер е фотографиран до девојка, која може да се види и на други фотографии направени за време на настанот.
Вивиен Чане е името на дамата која се сликаше заедно со поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, на собир на бизнис-елитата во Будимпешта.
Станува збор за поренашен модел за изданието на Плејбој на руски јазик, но по професија е економистка и во моментов е активна како позната инфлуенсерка и модел фриленсер.
Таа има над 35.000 следачи и постојано објавува професионални фотографии од неа, но и рекламира производи.