Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.06/2019 за долгови доспеани до 28.02.2018 и неплатени до 31.05.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
– повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
– повисок од 300.000 денари за правните лица.
Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Според Листата на должници која ја објави УЈП на неа може да се најдат истите јавни, приватни компании, државни претпријатија и приватни лица од претходната листа.
На листата се уште е 11 Октомври-Еурокомпозит, комуналното претпријатие од Тетово, винарската визба Повардарие, фирмата Трансмет, скопската Општина Карпош, Македонската радио телевизија, јавното претпријатие Билјанини извори, бизнисменот Сејдију Бајруш и многу други.