Познатиот актер се потсети на младоста – исто место и луѓе, но 12 години подоцна

ИЗВОРНов лист
|

Легендарниот актер Бранко Ѓуриќ – Ѓуро објави интересна фотографија на социјалните мрежи.

Имено, тој се фотографирал со своите две ќерки Зала и Ела на исто место и со истите пози како и пред 12 години.

Сепак, фотографиите се разликуваат за “нијанса“. Освен што неговите ќерки се за две-три глави повисоки и се вистински убавици, можеме да забележиме дека годините ништо не му можат на Ѓуро, кој и денес изгледа “фраерски“.

Познато е дека ќерките се слабост за татковците, па сигурни сме дека Ѓуро ужива во друштво на неговите две принцези.