Познатиот актер за трнливиот пат до славата и богатството: “Парите не го менуваат човекот, тие само помагаат да го откриете вистинското лице”

|

Џони Деп е еден од најпознатите, најуспешни и најзгодни актери на Холивуд и ужива во неверојатно богатство и слава, но неговиот почеток бил трнлив и тежок.

Џони открил дека патот до славата и парите не бил лесен, но дека тоа никогаш не му била целта. Парите и славата биле само пропратна работа која следела откако се пронашол себеси во актерските води. Деп рекол дека во текот на животот работел сè, но поради својата кариера сега дошол во период кога не мора да размислува за пари и кога може да си овозможи сè на себеси и на своето семејство.

На прашањето дали парите го менуваат човекот, Џони имал многу јасен одговор.

“Работев сè во животот, бев продавач во трафика, автомеханичар, работев во книжарница, а потоа станав пират и сега имам сопствен остров. Но, и понатаму сум истиот тој човек кој работеше во трафика и автомеханичарска работилница.

Парите не ги менуваат луѓето, туку покажуваат какви всушност се тие. Кога имате пари, вие го покажувате вашето вистинско лице. Во мојот случај, јас сум човек кој сака да се отуѓи и да побегне од сите, па затоа купив остров. Другите сакаат некои други работи и тежнеат кон тоа, но поентата е дека парите не ги менуваат луѓето туку само им помагаат да се откријат себеси и да покажат што тие всушност сакаат и какви се личностите во длабочината на душата. За жал, кај повеќето се случува парите да ги откријат нивните негативни работи кои ги надвладуваат оние позитивните”, изјавил познатиот актер.

Многумина се сложуваат со неговите зборови и велат дека тоа е апсолутно точно. Дали и вие го делите мислењето со нив или сметате дека парите поинаку влијаат на човековата психа?