Познато кој ќе оди од Македонија на последното испраќање на кралицата

|

Претседателот Стево Пендаровски со сопругата ќе присуствуваат на државниот пог реб на Кралицата Елизабета Втора во Лондон, соопшти денеска кабинетот на претседателот Пендаровски.

Погребот ќе се одржи на 19 септември (понеделник) во Лондон.

Кралицата Елизабета Втора поч ина на 96-годишна возраст на 8 септември.

Таа беше монарх со најдолго владеење во британската историја и најстар шеф на држава во светот.