Марјан Митовски е назначен за нов в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“, потврдија за МИА од Кабинетот на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Митовски доаѓа на местото на Златко Перински, кој вчера беше разрешен од директорката функција.
Од Град Скопје вчера соопштија дека Перински е разрешен од функцијата в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер.