Пејачката Јелена Калрлеуша некое време нема да учествува во жирито на „Ѕвездите на Гранд“, поради загубата на нејзината мајка.
Засега не е познато дали Јелена воопшто ќе се врати на натпреварувањето, но директорот Саша Поповиќ мора да донесе замена.
Имено, на утрешното снимање на местото на Јелена ќе биде еден од најдобрите вокали на територија на Србија, а тоа е Ивана Петерс од групата „Негатив“. Колку снимања Ивана ќе ја менува Јелена, останува да видиме.
Во текот на вчерашниот ден се појави информација дека снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ засега се откажува, одлучил директорот на продукцијата Саша Поповиќ. Оваа одлука доаѓа поради заминувањето од овој свет на на Дивна Карлеуша, која покрај тоа што е мајка на Јелена, член на жирито, беше и лична пријателка на Поповиќ.
Поп пејачката Јелена Карлеуша едвај собра сила и се огласи на социјалните мрежи по повод заминувањето на нејзината мајка.
Јелена ги информираше следбениците на Инстаграм кога ќе се одржи комеморацијата на нејзината мајка.
-Во болка и очај ги известувам сите кои ја сакаа и почитуваа нашата Дивна дека комеморацијата ќе се одржи во зградата на Радио Белград во среда на шести март во 11 часот.
Пејачката ја испрати својата мајка и со некролог во кој напиша потресни зборови.
-Победничка моја, мој голем борец…не се грижи за ништо, се ќе биде онака како ти сакаше… гордост моја, љубов моја, убава и насмеана….спиј мирно, ангел мој… твоја Јелена.
Тажната вест за својата мајка Карлеуша ја доби на аеродром , на враќање од настап во Австрија.
Според српските медиуми , пејачката е под седативи и се уште не може да си дојде на себеси од шок. Озвор близок до семејството кажува дека Дивна само неколку минути пред да замине разговарала со ќерката Јелена и дека не се помислувало за вакво нешто.