Познато колку пари ќе добие Роналдо за посетата на Македонија

ИЗВОРСкопје24
|

Најавата дека Кристијано Роналдо ќе дојде во Скопје, попладнево е главна тема на социјалните мрежи, навивачите не знаат дали маркетиншкиот потег на Сефер Цаноски, сопственикот на ФОН Универзитетот навистина ќе се оствари и најдобриот светски фудбалер по третпат во кариерата ќе дојде во Македонија, пишува СПОРТ1.мк

Но, истражувајќи малку по интернетот, може лесно да се дојде до информација дека португалската ѕвезда на Јувентус нема никаков проблем да се појави насекаде низ светот, но само ако добро го наплати тоа.

Според книгата „Football Leaks: The Dirty Business of Football“, Роналдо и тоа како е расположен за „рентање“. И тоа за баснословна сума од еден милион евра за кои добивате четири и пол часа дружење со најдобриот фудбалер на планетава, згора на тоа ќе добиете и фотосесија со него, двапати ќе ве спомене на неговите профили на социјалните мрежи и ќе добиете пет дреса потпишани лично од него. И секако, компанијата која го најмува за тие пари, има право неговата фотографија да ја искористи како реклама, но само во државата каде што доаѓа и тоа во период од 24 часа. Ни минута повеќе!

Во случајот со Македонија, останува дали тоа ќе биде платено од компанијата која го кани или трошокот ќе го поделат спонзори кои ќе имаат и тоа каква корист од неговото присуство тука. Секако, засега непознат е и тајмингот на пристигнување на Роналдо.

Роналдо, кој синоќа го прослави 34. роденден е еден од најбогатите спортисти на светот. Неговото богатство се проценува на околу пола милијарда евра, а годишно неговата заработка, заедно со договорот со Јувентус, како и спонзорските примања изнесува околу 100 милиони евра. Само за информација, неговите нозе се осигурани на сума од 126 милионин евра.

Роналдо можеби не е највисоко платениот фудбалер на светот, но тоа што него го издвојува од останатите е моќта што ја има на социјалните мрежи. Тој секојдневно се служи со неговите профили на социјалните мрежи, каде што вкупно го следат речиси 400 милиони луѓе. Само на Инстаграм има безмалку 154 милиони луѓе што го пратат. А таму, за секој спонзориран пост, Роналдо добива 400.000 евра.

Роналдо има нешто што никој го нема – доживотен договор со „Најк“, вреден 1 билион евра. Тој договор е направен во 2016 година и ќе трае долго по неговиот крај како активен спортист. Сличен договор со „Најк“ има и НБА легендата Мајкл Џордан, кој секоја година откако се пензионира (2003) добива пари од компанијата за спортска опрема.

Многу светски познати компании се „тепаат“ за неговиот лик на нивните производи. Роналдо дури има договор и со египетска компанија за челик.

Сите овие пари Роналдо ги инвестира во негови бизниси. Тој поседува луксузна линија за долна облека, за патики, за кебиња, апликации за мобилни телефони, има свој ресторани и хотели. Има луксузна вила во Мадрид, има апартман од 16 милионин евра во „Трамп Тауер“ во Њујорк, ја поседува и вилата близу Торино каде што живее. Секако, си има свој приватен авион и неколку јахти.

Целиот текст прочитајте го на СПОРТ1.мк