Прашање на интервју за работа кое е преземено од Брус Вилис, а точно го одговара само 1 од 200 кандидати

ИЗВОРНов Лист
|

а едно логичко прашање кое голем број од светските компании им го поставуваат на своите потенцијални вработени на интервју за работа, ретко кој може да го даде вистинскиот одговор.

Сепак, еден кандидат успеа да го реши и го сподели своето искуство на социјалните мрежи. Самиот одговор на прашањето е во филмот “16 блокови“, а го дава лично актерот Брус Вилис од каде големите компании го преземале со цел да им го поставуваат на своите потенцијални вработени на интервјуто за вработување.

“Неодамна ми поставија многу интересно прашање на разговор за работа и од тогаш размислувам за тоа. “Се возиш со автомобил при големо невреме. Поминуваш низ автобуската постројка и гледаш тројца луѓе како чекаат автобус. Првата личност е совршената девојка од твојот живот, другата е твој пријател кој неодамна ти го спасил животот и третата е осамена старица која изгледа дека е болна. Кога би имал само едно седиште во својот автомобил, на кого би му понудил да го одвезеш?“ – вели момчето кое на крајот ја добило работата.

Ајде да размислиме за ова прашање. Ова е класична морална дилема. Дали да и се помогне на старата баба бидејќи е во критична состојба? Дали би му обезбедиле превоз на вашиот пријател кој еднаш ви го спасил животот? Било кој од овие избори ти укажуваат дека ќе ја испуштиш жената на својот живот.

Младото момче кое одговорило точно на ова прашање е избрано помеѓу 200 пријавени кандидати за работа. Дали одговорот го измислил сам или пак го гледал филмот е се уште непознато.

“Би му ги дал клучевите на мојот пријател да ја одвезе старата баба во болница, а јас би останал на автобуската станица да чекам автобус со жената од соништата“.

Неговиот одговор е најдобар доказ дека секогаш треба да размислуваме “надвор од кутијата.

Ова е клучната реченица што треба да ја кажете на интервју за работа

Секој кој досега бил на интервју за работа знае што треба да се направи за да се остави добар впечаток од самиот старт: да дојдете навреме, да бидете позитивни и насмеани и да се поздравите со цврст стисок.

Има и многу совети и препораки за тоа како треба да се однесувате низ интервјуто, како да одговарате на прашањата и кои прашања да ги поставите на потенцијалниот работодавец.

Но, она што ретко се сомнува е како да го завршите разговорот.

Сузи Велч, авторка на неколку од најпродаваните книги од областа на менаџментот, тврди дека последните неколку минути од интервјуто се клучни за тоа дали ќе ја добиете работата или не, секако, доколку работодавецот веќе ве гледа како еден од кандидатите што ќе влезат во потесен круг.

„Откако сте кажале сѐ што сте имале да кажете и личноста која ве интервјуирала ќе ви каже дека тоа е тоа, не си заминувајте со обично ‘благодарам на издвоеното време’ и да си заминете. Пред да излезете, самоуверено кажете ‘Навистина го сакам ова работно место’“, советува Велч.

Пред да помислите дека ваквата искреност звучи очајнички, Велч нагласува дека можноста за успех е поголема (и поважна) од самиот ризик. Оваа реченица има оромна моќ ако биде изговорена со самодоверба.

Експертите кои прават интервјуа велат дека овааа изјава покажува три ваши особини што ги бара речиси секој работодавец – искреност, храброст и скромност.

„Ваквата отвореност внесува освежувачка нота на искреност и секогаш ги допира луѓето на позитивен начин“, истакнува Велч.

Цврстото искажување на сопствените желби покажува дека имате храброст.

„Оние кои ќе ја слушнат ваквата изјава знаат и колку е тешко да се каже тоа на глас. Знаат дека за тоа треба храброст и ќе ве запамтат“, вели таа.

Менаџерите сакаат вработени кои покажуваат храброст, преку иницијативност или преку јасно изразување на мислењето.

Исто така, оваа отвореност покажува дека не сте премногу горделиви и дека сте свесни зошто сте таму. На оние кои одлучуваат им ставате до знаење дека знаете дека тие ја носат конечната одлука и покажувате почит.