Предлогот на претседателот на Собранието за дополнување на Деловникот за работа денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.
Според информациите од веб страницата на Собранието, седницата е закажана во 13 часот.
Предлогот за дополнување на Деловникот за работа треба да им овозможи на пратениците кои се во изолација поради позитивен тест или поради контакт со лице со позитивен тест, да можат да се вклучат во работа на Парламентот од далечина или онлајн.
Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека ова решение нема да го промени досегашниот начин на работа, туку ќе овозможи само овие пратеници да можат да се вклучат во работата на Парламентот и со тоа законодавниот дом биде целосно функционален.
Опозицијата во изминатиот период излезе со став дека не се согласува со одржување на онлајн седници.