Во почетокот на април, 80 илјади вработени кои земаат минимална плата, ќе добијат зголемување од околу 45 евра, односно плата од 18 илјади денари. Пратениците се едногласни дека тоа е неопходно.
Опозицијата стравува дека поради лошо управување и тоа ќе стане недоволно, ако се има предвид дека за една година трошоците на мало пораснале за 7,3 отсто.
Мнозинството уверува дека со две минимални плати се покрива потрошувачката кошничка, што не било случај во 2016-тата.
Владата е уверена дека ова ќе поттикне пораст и на другите плати.
Минималната плата е резултат на договорот што го постигнаа Владата, синдикатите и работодавачите. До крајот на годинава, државата ќе ја покрива разликата. За да се избегне порамнување на платите, опозицијата амандмански предложи скалесто зголемување на сите плати, но власта го одби зашто овој закон ја утврдува само најниската гарантирана плата.
Соња Николовска