Фенг Шуи е древен кинески систем кој синтетизира повеќе учења, вештини, техники, со цел човекот да се врати или да се задржи во допир со природата.
Многумина модерни ентузијасти тврдат дека фенг шуи е праксата на аранжирање на предметите (како мебелот) со цел да им помогне на луѓето да ги постигнат своите цели. Но, традиционално, фенг шуи се користи првенствено за да се одбере местото на живеење, за работа и за гробни места.
Фенг Шуи има разновидни правила и законитости за тоа како подобро да се чувствувате, а ова е едно од нив:
Кога лежиме или спиеме на нашиот кревет, нашата потсвест е отворена и апсорбира повеќеенергија. Фенг Шуи, древната кинеска техника за подредување на предметите во просторот, говори дали треба да ставаме нешто под креветот и како тоа влијае на нас.
Главно, овој простор треба да биде слободен за да има отворен проток на енергија која ќе се канализира рамномерно низ целото тело во текот на ноќта.
Затоа, доколку имате било што под креветот, а најчесто тоа се стари предмети, веднаш најдете им друго место и помогнете си на самите себе.
Сепак, има и исклучок. Ова правило на Фенг шуи „ништо под креветот“ може да го прекрши само „ковчеже со богатство“. Доколку имате и во него собирате пари, слободно ставете го под вашата постела и ќе имате повеќе позитивна енергија.