Правите голема грешка ако не ја перете новата облека – еве зошто

|

Доколку сте еден од оние кои веднаш ја облекуваат облеката откако ќе ја купат, внимателно прочитајте го овој текст. Најпрво размислете колку луѓе ја пробале облеката која сте ја купиле како нова…

Вие на знаете дали блузата и панталоните ги пробувале уредни дами или мажи кои одржуваат хигиена или некои кои имаат некоја болест или габична инфекција.

Професорот по дерматологија од Универзитетот Колумбија, Доналд Белсито одамна оценил дека ваквата облека може да доведе до иритација и чешање.

Но, не се само продавниците, професорот вели дека дури и да е купена облеката на интернет, и никој пред тоа да не ја пробал, сепак мора да се испере.

Објаснува дека произведувачите користат посебни конзерванси. Наведува дека се користат супстанци кои помагаат облеката да стои неистуткана.

Како и да е, пред да ја облечете, секако облеката мора да ја исперете за да немате никаков проблем со кожата.