Празници предвесници на Велигден: Денеска е Лазарева сабота, утре Цветници

|

Саботата пред Цветници се вика Лазарева сабота или Лазарица. Православните верници на овој ден си споменуваат за чудесното воск*есение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството на Христос на Голгота.

Според преданието во саботата заминал Лазар од Витанија, а во неделата Исус го вос*реснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата.

Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител. Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговото заминување и по по*ребот. Сестрите на Лазар Марта и Марија го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел навреме немало Лазар да замине. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да замине брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“.

Со Лазарева сабота се поврзани повеќе обичаи и песни познати како лазарски. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат лазарски песни, кои се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок.

Именден празнуваат: Лазар, Лазарка, Лазо, Цветан Цвета и сите имиња што произлегуваат од билки: Лилјана, Калина… (МИА)